Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) оцени дека е спорно именувањето на Бојан Лазаревски за в.д. директор на Агенцијата за филм од 15 декември оваа година од страна на Владата.
Спорно според ДКСК, како што појасни на денешната прес-конференција Владимир Георгиев, член на комисијата, е дека истовремено Лазаревски е и член на Управниот одбор на Агенцијата за филм.
Тој истакна дека оваа оцена е донесена согласно Законот за спречување корупција и судир на интереси и затоа ДКСК на овој начин превентивно дејствува и ѝ укажува на Владата, а може и на денешната седница, како што рече, да го разреши ова лице од член на УО доколку смета дека тоа лице не треба да ја врши функцијата в.д. директор на Агенцијата за филм.