Од полноќ дизелот ќе се продава по цена од 70 денари за литар, еуросупер БС-95 по цена од 80 денари за литар, а еуросупер БС-98 по цена од 82 денари за литар

Од ноќеска на полноќ дизел горивото ќе има нова цена, додека останатите нафтени деривати ќе се продаваат по досегашните цени. Од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) соопштуваат дека од полноќ дизелот поевтинува за еден денар.
Согласно новата одлука, дизелот ќе се продава по цена од 70 денари за литар, еуросупер БС-95 по цена од 80 денари за литар, а еуросупер БС-98 по цена од 82 денари за литар. Цената на екстра лесното масло за домаќинство останува 69 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,022 денари за килограм и сега ќе изнесува 41,029 денари.
Од РКЕ информираат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,284 проценти, кај дизелот во просек за 3,191 проценти и кај Екстра лесното масло во просек за 0,202 проценти.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,386 проценти.