Извршниот директор на „Модерна“, Стефан Бансел, смета дека постојните вакцини ќе бидат многу помалку ефикасни против новиот сој на коронавирусот, омикрон.Тој предупреди дека може да поминат месеци пред фармацевтските компании да можат да произведат повеќе вакцини што ќе дејствуваат против новата варијанта на коронавирусот.
„Мислам дека нема шанси ефикасноста да биде на исто ниво како што ја имавме со делта-варијантата. Мислам дека ќе има пад. Не знаеме само колку, затоа што треба да ги чекаме податоците. Но, сите научници со кои разговарав велат ‘ова нема да биде добро’“,
рече Бенсел во интервју за „Фајненшл тајмс“.
Бансел наведува дека научниците се загрижени што 32 од 50-те мутации во варијантата омикрон се пронајдени на „спајк-протеинот“ на кој се фокусираат постојните вакцини за зајакнување на имунолошкиот систем против ковид-19.
