Д-р Гогов напиша дека болницата во Струмица располага со мал број болнички возила што постојано се користат, поради ситуацијата со ковид – 19, и кои се застарени и често се расипуваат
Наќе Гогов, директор на болницата во Струмица побара денеска, преку објава на својот фејсбук-профил, донација од струмичани за набавка на ново болничко возило, но, неколку часа подоцна, се премисли и го повлече статусот.
Претходно, Гогов напиша дека болницата во Струмица располага со мал број болнички возила што постојано се користат, поради ситуацијата со ковид – 19, и кои се застарени и често се расипуваат. Затоа, тој ги повика своите сограѓани да донираат за набавка на ново болничко возиоло, за, како што посиочи, „сами да си помогнеме“.

Од почетокот на епидемијата на ковид-19 до земјава, заклучно со вчерашниот ден, во Струмица се регистрирани 876 случаи на ковид-19 од кои активни се 484.