Директорката на Општата болница во Куманово, докторката Снежана Захариева, е позитивна на тестот за ковид-19.
На социјалните мрежи таа самата го сподели резултатот од тестот и вели дека хроничниот стрес и премореноста си го направиле своето.
„Како за добро утро, позитивен резултат од тестот за САРС-КоВ-2. Без маска само дома, 5 месеци работа-дома, но имунитетот попушти. Хроничниот стрес и премореноста си го направија своето. Чувајте се. Инаку, тестот го направив вчера напладне, благодарност до МАНУ за брзиот резултат“,
објави директорката.