Како што наведе тој, Дирекцијата за заштита и спасување не е инспекциски орган кој прави контроли на кафулиња и ресторани, туку е институција што ја опфаќа територијалната одбрана и цивилната заштита на целата територија на државата. Тука, како што кажа, не спаѓаат само пожари, туку и големи природни несреќи и шумски пожари
За тоа што во Кочани и ден-денеска нема инспектор на ДЗС, Давидовиќ рече дека тоа е прашање е што треба да се постави и кај Владата, затоа што е потребно одобрение од Министерството за финансии
Дел од адвокатите на обвинетите за пожарот во „Пулс“ се обидоа да го оспорат сведочењето на инспекторот во подрачното одделение на Дирекцијата заштита и спасување (ДЗС) во Виница, Дарко Стојков.

Тие при вкрстеното испрашување ја оспорија неговата стручност, а во изјава за медиумите на паузата од рочиштето, бранителот на обвинетиот ексдиректор на ДЗС, Аднан Џаферовски, адвокатот Звонко Давидовиќ, рече дека сведокот не го познава законот.
„Таму е јасно наведена улогата на инспекторите што покажува дека директорите кои седат на обвинителна клупа немаат никаква врска и никакви ингеренции со инспекциски надзор, особено не со конкретниот настан. Сево ова покажува за начинот на кој се води постапката и дека до крај не се искристализирани работите, кој сè за што е одговорен“,
рече Давидовиќ.
Како што наведе тој, Дирекцијата за заштита и спасување не е инспекциски орган кој прави контроли на кафулиња и ресторани, туку е институција што ја опфаќа територијалната одбрана и цивилната заштита на целата територија на државата. Тука, како што кажа, не спаѓаат само пожари, туку и големи природни несреќи и шумски пожари.
„Под нив има воздухопловна единица и генерален инспекторат кој е надлежен да врши контроли на територијата за која е назначен“,
вели тој.
Според Давидовиќ, интересно било прашањето за допис што директор на ДЗС го пратил и со кој им се забранува на инспекторите да вршат контрола надвор од своето подрачје.
„Тоа е како да прашате дали обвинител од Скопје може да биде обвинител во Крива Паланка без да добие одобрение од јавниот обвинител, а не може. Очекуваме сведочењето на инспекторите да оди во иста насока, што покажува дека генералниот инспектор и неговото одделение се надлежни да вршат инспекциски надзор“,
рече адвокатот.
За тоа што во Кочани и ден-денеска нема инспектор на ДЗС, Давидовиќ рече дека тоа е прашање е што треба да се постави и кај Владата, затоа што е потребно одобрение од Министерството за финансии.
„Тоа не е едноставен, туку комплексен проблем“,
рече тој.
На дополнително прашање дека директорите на ДЗС знаеле за недостатокот на инспектори, Давидовиќ кажа дека за тоа биле свесни и други институции.
Според него, за одржување во кондиција на средствата за заштита и спасување требало да интервенира и да води сметка и Советот на општината, Министерството за внатрешни работи и други институции.
