Откако ја добил аудиоснимката, директорот на гимназијата потоа добил и СМС порака со заканувачка содржина доколку не преземе мерки против професорот
Директорот на Средното општинско училиште „Кочо Рацин“ во Велес од непознат профил на Фејсбук добил аудиосимка со разговор за наводен сексуален однос меѓу професор и ученичка од неговото училиште, информираат од Секторот за внатрешни работи Велес за Прес 24.
„На ден 14.12.2022 година во полициската станица во Велес, директорот на СОУ ‘Кочин Рацин’ во Велес пријавил дека на ден 15.10.2022 година преку социјалната мрежа Фејсбук од непознат профил добил аудиоснимка со разговор за наводен сексуален однос меѓу професор од неговото училиште и девојче“,
велат од СВР Велес.
Откако ја добил аудиоснимката, директорот на гимназијата потоа добил и СМС порака со заканувачка содржина доколку не преземе мерки против професорот.
Од СВР Велес додаваат дека се работи на расчистување на случајот.