Барнс е првиот човек во историјата на ЦИА чие претходно искуство доаѓа само од Стејт департментот
Американскиот Сенат, без приговори, вчера го изгласа новиот прв човек на ЦИА. На позицијата директор доаѓа Вилијам Барнс, кој е поранешен заменик-државен секретар во администрацијата на Барак Обама и поранешен амбасадор на САД во Москва.
Тој има атипичен профил за директор на ЦИА, бидејќи ниту е војник, ниту политичар, ниту разузнавач. Бернс е првиот човек во историјата на ЦИА чие претходно искуство доаѓа само од Стејт департментот.
Со неговиот избор американскиот претседател Џо Бајден официјално го заокружи составувањето на тимот од високи функционери за националната безбедност.
Бајден го номинираше Барнс за позицијата во јануари, во февруари следуваше неговото сослушување, а на почетокот на март тој едногласно беше одобрен од Комитетот за разузнавање во Сенатот.