Державниот завод за ревизија предлага да се унифицира евиденцијата за водење на членарините во деловните книги на политичките партии за да се добие увид колку вкупно приходи се остварени од членарини и точно да се знае идентитетот на лицето што ја уплаќа членарината. Потенцираат дека тоа не треба да биде уплата во име на трето лице
Прашана дали го сметаат за хендикеп тоа што ДЗР само констатира и препорачува, Димитровска посочи дека ДЗР има склучено меморандум за соработка со Јавното обвинителство и редовоно ги проследува своите извештаи со точно прецизирање на точката каде е утврдена состојба која упатува на сомнеж за кривично дело. Ревизорката рече дека има простор за подобрување на комуникацијата меѓу институциите за да не изгледа дека се што ќе констатира државниот ревизор останува во фиока
Со измените на Изборниот законик, кој е еден вид lex specialis кога станува збор за финансирање на политички партии, се појавија неусогласености и недоречености во финансирањето на сметките за изборна кампања, кои се финансираат и со средства од редовната сметка на партијата, вели помошничката на главниот дежавен ревизор, Татјана Димитровска, во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат, во која се дебатираше за финансирањето на партиите и неговата контрола.

Таа потенцираше дека Државниот завод за ревизија (ДЗР) нема репресивна улога, туку ја следи законската регулатива и дава препораки, меѓу другото, за нејзино подобрување.
„Со измените на Изборниот законик се овозможи политичките партии од средствата на сметката за редовно работење, да трансферираат на сметките за изборна кампања. Во Законот за финансирање на политичките партии децино е наведено дека средставата за годишното финансирање од буџетот на државата исклучиво може да се користат, односно трошат, за остварување на целите на партијата кои се утврдени со статут и други акти. На вака уредено законско решение се доведува во прашање редовното работење на политичката партија односно, имајќи предвид дека дел од средтствата се префрлаат на сметката за изборна кампања, дали партијата ќе може да си ги остварува своите цели утврдени со закон“,
вели Димитровска.
Таа вели дека подолг период укажуваат на потребата од доуредување на оваа одредба во делот на финансирање на изборната кампања со средствата на редовната сметка. Посочува и дека со измените во Изборниот законик се овозможило и средствата од донациите и членарините на политичката партија да бидат извор на финансирање на трансакциските сметки за изборна кампања.
„Меѓутоа, никаде не е уредено, ниту во Изборниот законик, ниту во Законот за финансирање на политички партии, до кој износ, до кој лимит може средствата од донации од сметката за редовно работење да бидат трансферирани како донации на сметката за изборна кампања“,
вели таа.
Затоа, Державниот завод за ревизија предлага да се унифицира евиденцијата за водење на членарините во деловните книги за да се добие увид колку вкупно приходи се остварени од членарини и да се знае идентитетот на лицето што ја уплаќа членарината. Потенцираат дека тоа не треба да биде уплата во име на трето лице.
Прашана дали го сметаат за хендикеп тоа што ДЗР само констатира и препорачува, Димитровска посочи дека ДЗР има склучено меморандум за соработка со Јавното обвинителство и редовоно ги проследува своите извештаи со точно прецизирање на точката каде е утврдена состојба која упатува на сомнеж за кривично дело. Ревизорката рече дека има простор за подобрување на комуникацијата меѓу институциите за да не изгледа дека се што ќе констатира државниот ревизор останува во фиока.