На средбата беше предвидено да учествува премиерот Зоран Заев, но откако тој објави дека ќе поднесе оставка, го откажа патувањето
Вицепремиерот Никола Димитров, попладнето пристигна во Белград, каде утре ќе учествува на разговорите во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“.
Димитров на аеродромот „Никола Тесла“ го пречека министерката за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ.
Во изјава за Танјуг по слетувањето на белградскиот аеродром, Димитров рече дека Северна Македонија, и покрај последните настани во таа земја по локалните избори, е целосно посветена на иницијативата „Отворен Балкан“.
„Јас пред се доаѓам со порака дека регионалната соработка е апсолутно европска приказна, дека сакаме да ја продлабочиме. Утре додаваме едне важен сегмент за тоа како тука може да помогне дигитализацијата. Доаѓам во момент кога во Северна Макодонија завршија локалните избори, има извесни политички предизвици, па и политичка криза на некој начин и важно е да дадеме сигнал дека како Влада, како држава сме целосно посветени на оваа иницијатива што се роди на Балканот и чија цел е пред се европски Балкнан“, изјави Димитроов.
изјави Димитров.
Според агендата што ја испратија од МНР, вечерва не се предвидени активности отворени за медиумите, туку само работна вечера.
Утре се состаноците и за 11.30 часот е закажана прес-конференција.
На средбата беше предвидено да учествува премиерот Зоран Заев, но откако тој објави дека ќе поднесе оставка, го откажа патувањето.
Агендата за работниот состанок што се организира во соработка со Атлантскиот совет, опфаќа панел-дискусија на тема „Дигиталната трансформација како подадена рака за регионална интеграција“ на која ќе бидат усвоени заклучоци, по што ќе биде одржана и прес – конференција.
Предвидени се лидерски средби и средби со претставници на компании од Северна Македонија, Албанија и Србија на коишто ќе се разговара за олеснување на трговијата.