Ме прашуваат: „Дали да се биде членка на ЕУ значи дека може да малтретирате или да убиете некого, да ве натераат да ја укинете слободата на медиумите?“ Ова го користам за да го истакнам проблемот со јазикот. Јазикот е наше право и не е проблем на некоја друга земја или институција. Според Лисабонскиот договор, ЕУ ги негува различностите, рече вицепремиерот на еден од панелите во рамки на „Преспа форумот за дијалог“
Ако зборуваме за термин за одржување на конференција како што е оваа, ова е најлошиот термин за тоа, имајќи предвид дека само пред неколку дена Бугарија повторно го блокираше регионот на неговиот пат кон ЕУ. Регионот не е во некоја добра состојба, рече вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на панел во рамки на „Преспа Форумот“.
Тој го критикуваше однесувањето на ЕУ и истакна дека прашања како идентитетот и историјата станале важни за земји членки иако Лисабонскиот договор повикува на почитување на различностите.

„Ме прашуваат: ‘Дали да се биде членка на ЕУ значи дека може да малтретирате или да убиете некого, да ве натераат да ја укинете слободата на медиумите?’ Ова го користам за да го истакнам проблемот со јазикот. Јазикот е наше право и не е проблем на некоја друга земја или институција. Според Лисабонскиот договор, ЕУ ги негува различностите. Ова не е борба за македонскиот идентитет, туку борба за европскиот идентитет и Европа треба да даде пример“,
рече Димитров.
Како најголем проблем на Европа тој го посочи губењето на довербата кај граѓаните дека евроинтеграцијата е можна и за сериозноста на европските лидери и на самите институции на ЕУ.
„Во овој момент се ризикува многу. Со сите недостатоци и грешки како Влада во овие 4 години ние направивме клучен пресврт. Потребно е решавање на овој долгорочен проблем не само поради европскиот пат, туку и за самите нас“,
рече Димитров.
Во однос на тоа што може да се очекува кога сте во очекување, како што беше и насловот на дебатата, Димитров цитираше една реченици која била користена во последните денови на бугарското царство: Ситуација е безизлезна, но не е безнадежна.

„Луѓето се помирија дека нема напредок, но проблемот е што ако нема надеж тешко е да се прават обиди, ако нема обиди нема да постои. Но, ако имате надеж, ова оди на штета на граѓаните и тие се разочарани. Народот не може да помине низ уште едно разочарување“,
рече Димитров.
Тој потсети на целиот процес од кандидатскиот статус во 2005, првата препорака во 2009 година, на ветувањето дека во јуни 2019 ќе почнеме со преговори, па одложување на одлуката за октомври, па во март.
„И сега година и пол оваа одлука не може да се спроведе. Се наоѓаме во многу тежок момент“,
заклучи Димитров.