На координативната видео-средба со еврокомесарот за проширување присуствувале и колегите на Димитров од земјите во регионот
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, како што соопштија од СЕП, попладнево, на иницијатива на еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји, учествувал а координативната видео-средба, заедно со колегите од регионот.
Како што информира Секретаријатот за европски прашања, на состанокот биле разменети информации во контекст на напорите на Европската комисија за обезбедување акцини за земјите од Западен Балкан.
„Се работи за дополнителни дози вон Ковакс-механизмот за кои Европската Унија ќе обезбеди финансиски средства преку ИПА фондовите“,
се додава во соопштението.