Колку повеќе се придржуваме до мерките за заштита од ковид-19 толку подобра ќе ни биде епидемиолошката слика и ќе ни бидат отворени сите граници, порача министерот Никола Димитров.
Тој ја коментираше одлуката на ЕУ за отворање на границите кон трети земји, меѓу кои не е и Северна Македонија, па посочи дека клучниот критериум за тоа е епидемиолошката слика, нешто што му го кажале и дел од министрите за надворешни работи во земјите од ЕУ нагласувајќи дека не станува збор за политика.
Повикувајќи се на одлуката на ЕУ, тој посочи дека клучно за Унијата е да има до или под 20 нови случаи со ковид-19 регистрирани во последните 14 дена на 100 000 жители.
Во однос на можноста за затворање на северната граница на земјата со оглед дека и кај соседите има зголемување на бројот на новозаразени, Димитров без конкретен одговор посочува дека состојбата се следи.
„Во овој момент е важно, се консултирав и со министерот Венко Филипче, дека дневно ја следиме состојбата, сакаме да имаме точно проверени бројки и врз основа на тие бројки ќе се отвори дебата во Комисијата за заразни болести, а потоа и на политички ниво“,
одговори Димитров.