Министерот за надворешни работи Никола Димитров смета дека ЕК зазаде принципиелна позиција во однос на прашањето на јазикот. Од анализите на МНР, македонски јазик во документ на ЕК последен пат е спомнат во 2005 година, додаде тој на денешната прес-конференција на која беа заедно со министерот без ресор задолжен за дијаспора и претседател на работната група за поддршка на Преспанскиот Регион, Едмонд Адеми.
Во врска со кодовите МКД и МК, Димитров рече дека тоа е прашање кое е дел од балансот на Преспанскиот договор.
„Балансот на сите елементи во Преспанскиот договор беше постигнат во долг процес на преговарање и конструкцијата на договорот е таква што менување на еден елемент значи оддалечување од тешко постигнатата рамнотежа. Согласно конечната спогодба сите елементи се задолжителни за двете страни и употребата на МКД или МК е задолжителна за сите употреби освен за табличките на автомобилите. Таа одредба не остава простор за поинакво толкување“,
рече Димитров.
Шефот на дипломатијата и со оценка дека Преспанскиот договор во голем дел особено за крупните нешта се спроведува. Работите каде има застој бараат да се седне и да се разговара. Преспанскиот договор ги затвора сите прашања освен за трговските марки, интелектуалната сопственост и брендовите за кои остава тие да се решат со заеднички договорено решение.
Работата на комисиите на С Македонија и Грција вклучително и околу преминот Маркова Нога е одложена поради пандемијата, но се очекува да се забрзаат работите штом се нормализираат условите за работа.
Според анализите на нашата комисијата, целата работа за ставање во функција на овој премин може да се заврши за 1,5 година до две. Преминот Маркова Нога, како и Преспа форум центарот ќе значи големо заживување на овој регион, вели Димитров.