Поранешниот министер за надворешни работи и вицепремиер за европски прашања во одговорот до Османи вели дека неговиот кабинет целиот фајл за прашањето со Бугарија го предал на неговите луѓе. и додава: Зошто токму денес ви се губат документи од архива можеме да претпоставиме
Мафтате со протокол потпишан во јуни 2019 кога НЕМА вето, туку црно на бело потврда на бугарската ПОДДРШКА на нашите евроинтеграции напишана во истиот документ. Дали го разбирате воопшто контекстот и разликата што ова ја прави? Во тоа време, протоколот беше навистина билатерален, а се работеше без уцена, напиша поранешниот министер за надворешни работи и вицепремиер за европски прашања Никола Димитров на својот фејсбук-профил, како одгвоор на објавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи, вечерва, во која тој објави две страници од документ од како што вели единствениот Протокол со Бугарија потпишан од неговиот претходник во кој меѓу другото стои и, како што вели Османи, дека го прифаќаме бугарското гледиште кон Илинденското востание, прифаќајќи ја номенклатурата „Илинденско-Преображенско востание“.
„Притоа, манипулирате за клучни делови од тој протокол, повторувајќи бугарска теза што очигледно ви е блиска: дека наводно сме преземале ОБВРСКА историчарите да ги надминат најделикатните теми во одреден рок, игнорирајќи ја клучната кованица во текстот – НАСТОЈУВАЊЕ да се постигнат реални резултати. Како што добро знаете, политиката може да охрабрува, да настојува, да прави добра атмосфера (како што тогаш имало), но не може и не смее да обврзе или да наметне решение врз комисијата за историски прашања. Повеќето од членовите на комисијата се истите луѓе, слободно јавноста нека ги праша дали во мое време биле обврзани или притиснати за било што. Во тоа време тие навистина настојуваа да дојдат до резултати, се’ додека бугарската страна не почна да го минира процесот“,
пишува Димитров во одговорот на објавата на Османи.

За тоа дека во овој протокол потпиша од Димитров го прифаќаме бугарското гледиште кон Илинденското востание, прифаќајќи ја номенклатурата „Илинденско-Преображенско востание“, и дека тој документ го нема во физичка форма во нема во МНР, Димитров вели:
„Понатаму, во македонската верзија на документот се разбира Илинденското востание е Илинденско востание и никако поинаку. Интересно што полесно сте нашле некоја бугарска верзија, отколку македонската. Мојот кабинет целиот фајл за прашањето со Бугарија го предаде на вашите луѓе. Зошто токму денес ви се губат документи од архива можеме да претпоставиме. Во мое време, архивата на кабинетот и на министерството беше педантно водена“,
вели Димитров во постот на Фејсбук.
Димитров исто така вели дека Османи „тера бгнес спинувања“, наспроти сите изнесени грижи и прашања, не само од него, туку од целата домашна јавност.
„Одговорете и реафирмирајте ги македонските позиции, па потоа слободно продолжете со личната опсесија. Одговорете и реафирмирајте ги македонските позиции, па сите хистерични веднаш ќе се упристоиме!“,
вели на крајот Димитров.