иста лага е дека меѓу 17 и 20 март МНР потрошило нешто помалку од 24 000 евра (1 457 517 денари) за патувања во странство, реагира министерот Никола Димитров, откако од опозицијата денеска излегоа со такво обвинување.
„Јас лично во месец март немам ниту едно патување во странство. Последното патување пак на дипломат од МНР во странство е на 3 март. Оттука, МНР меѓу 17 и 20 март за службени патувања има потрошено НУЛА денари“,
реагира Димитров.
Тој вели дека парите кои ги прикажа ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат на трошоци од 1 500 евра (91 060 денари) за авио-билети за патувања на дипломати кои претходно се реализирани, како и на редовните уплати од МНР кон 57-те Дипломатско-конзуларните претставништа (ДКП) за патни трошоци во вкупен износ од околу 22 000 евра ((1 366 457 денари) или по околу 400 евра за ДКП.
„Овие обиди за саботажа, овие гнасни игри нема да дозволам да фрлат дамка врз работата на Министерството. За оваа пропаганда ќе си покренам соодветни постапки“,
најавува Димитров.
Реакцијата на министерот доаѓа откако денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, на прес-конференција обвини дека функционерите на СДСМ за четири дена потрошиле 8 милиони денари (130 000 евра) за репрезентација.
„Да биде апсурдот поголем, најголемиот дел од трошоците по овој основ се направени за патувања во странство, во ист период кога постои забрана за патувања надвор од Република Македонија. Во ова предничат неколку ресори како на пример Министерството за надворешни работи на Никола Димитров со 1 457 517 денари (24 000 евра) и Министерството за одбрана на Радмила Шекеринска со 1 042 398 денари (17 000 евра)“,
рече Арсовски.
За Шекеринска обвинувања вчера испрати и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев. Таа, пак, демантираше велејќи дека токму таа недела, за која опозицијата тврди дека била на службени патувања и трошела за репрезентации, во Министерството е донесено решение за укинување на овие трошоци.
* Поврзана вест: Шекеринска: ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести за мои службени патувања и репрезентации