Тој напомена оти верува дека овие избори ќе бидат дополнителна поука за сите останати политички субјекти кои гравитираат на политичката сцена
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија вечерва испиша историја. Потврдивме минимум пратеничка група и некаде околу 60 илјади гласови. Ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за граѓаните, изјави вечерва претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски.
Тој им честита на победниците на овие избори, како и на граѓаните кои, како што кажа, покажале „сенс“ за државата.

„Македонија избра претседател. Сакам да ѝ честитам на професорката Гордана Силјановска-Давкова за големата победа и да ѝ посакам успешен мандат, да ја води Македонија во правилна насока, да биде секогаш тука за граѓаните бидејќи нашата борба е и ќе биде за граѓаните. Да честитам и на ВМРО-ДПМНЕ за убедливата победа која ја освоија“,
рече Димитриевски.
Тој напомена оти верува дека овие избори ќе бидат дополнителна поука за сите останати политички субјекти кои гравитираат на политичката сцена.
Прашан за евентуална коалиција, Димитриевски рече дека ќе бидат тука кога ќе се работи за националните интереси, но ќе се разгледуваат сите опции за понатаму.