Таа реагира на вчерашната изјава на министерот за надворешни работи Никола Димитров за Телма дека техничката влада се соочува со кочење и притоа ја посочи Димитриеска-Кочоска дека со непотпишување ги кочи средствата од заемот од Светска банка наменети за справување со коронавирусот
Дополнителната заменик -министерка во Министерството за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска ги отфрли, како што ги нарече, „неиздржаните коментари“ од страна на високи функционери на СДСМ дека го блокира на заемот од Светска Банка во износ од 90 милиони евра.
Таа реагира на вчерашната изјава на министерот за надворешни работи Никола Димитров на Телма дека техничката влада се соочува со кочење и притоа ја посочи Димитриеска-Кочоска дека со непотпишување ги кочи средствата од заемот од Светска банка наменети за справување со коронавирусот.
Димитриеска-Кочоска тврди дека во документите кои и биле дадени нема јасни и детални калкулации за заемот од Светската банка на што таа инсистира за да стави потпис.
„Кредитот од СБ е строго наменски кредит. Тоа значи дека треба да има јасни калкулации зад сите ставки, кои ќе бидат финансирани. До овој момент, документите кои ми се дадени не вклучуваат јасни и детални калкулации. Ја повикувам владата да ги објави пред јавноста сите документи кои се доставени до мене, со цел граѓаните сами да се уверат зошто Гордана бара дополнителни информации, а не блокира како што милуваат да кажат“,
изјави денеска Димитриеска-Кочоска.
Таа, исто така, забележува досега не била вклучена во преговорите на владата со Светската банка, за која таа тврди дека се водат во континуитет. Вчера, како што вели, бил првиот и единствен состанок со Светската банка каде побарала детално појаснување каде ќе се трошат овие пари.
Поддршката од Светска банка за земјава за справување со последиците од кризата предизвикана од ковид-19 од околу 140 милиони евра е наменета дел за нов проект „Проект за брзо дејствување против ковид-19“ во износ од околу 90 милиони евра, а останатите 50 милиони евра за мерката за „финансиска поддршка од 14 500 денари по вработен“ за работодавци и самостојни вршители на дејност.
