Далеку зад Арсовска и Шилегов е Петар Георгиевски од Левица со освоени 20 430 гласа, потоа Ана Петровска од „Зелен хуман град“ со 9 776 гласа, Арбен Шакири од ЛДП/ДОМ со 8 870 гласа…
Според првичните податоци објавени на веб-страницата на ДИК за градоначалник на Скопје, обработени се 99,27 отсто од гласовите. Според овие податоци, независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, освоила 86 147 гласа, додека кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов, 78 226 гласа и според тоа тие двајцата ќе се соочат во вториот круг на 31 октомври.

Далеку зад Арсовска и Шилегов е Петар Георгиевски од Левица со освоени 20 430 гласа, потоа Ана Петровска од „Зелен хуман град“ со 9 776 гласа, Арбен Шакири од ЛДП/ДОМ со 8 870 гласа…

Во Скопје гласале 228 425 избирачи и досега има 15 929 неважечки ливчиња.
Арсовска на вчерашната прес-конференција рече дека изборниот резултат покажува дека скопјани сакаат промени. Исто така, таа го критикува Шилегов за, како што рече, лажни ветувања и за црна кампања против неа.
Шилегов, пак е, убеден во голема победа во вториот круг.
Од Зелен Хуман град вчера на Твитер објавија дека во Советот на Скопје влегуваат со двајца кандидати, Драгана Велковска и Горјан Јовановски што го сметаат за најголем успех на било која независна листа во историјата на локалните избори за градскиот Совет.
ОФИЦИЈАЛНО#МојСоветник @gjovanovski #МојаСоветничка @Dragoneesi
— ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД (@zelenhumangrad) October 18, 2021
Советот на Град Скопје повеќе нема да функционира како досега. Ви благодариме на поддршката и ве чекаме преку #МојГрад да им дадете материјал на советниците на #ЗХГ. За возврат, тие вам ќе ви дадат моќ! pic.twitter.com/kIn4TmUXa5