Досега до Државната изборна комисијата не се пристигнати приговори
Во првиот круг од локалните избори вкупно 34 општини добија градоначалници. Според првичните резултати што Државната изборна комисија (ДИК) ги соопшти вечерва, во 22 општини новите градоначалници се од ВМРО-ДПМНЕ, во девет општини се на СДСМ, а во три општини најмногу гласови освоиле кандидатите на ДУИ.
Според првичните резултати што ги соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски, во вториот круг во најголем дел од општините ќе се избира меѓу кандидатите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, додека во седум општини во вториот круг се кандидатите на Алијанса за Албанците и ДУИ. Во две општини во вториот круг се кандидатите на ДУИ и БЕСА.
Од ВМРО-ДПМНЕ, според првичните податоци од Државната изборна комисија, избрани градоначалници во прв круг се:
Александар Стојкоски во Ѓорче Петров;
Тимчо Муцунски во Аеродром;
Киро Нацков во Градско;
Ристо Манчев во Босилово;
Марко Колев во Велес;
Миле Петков во Виница;
Бобан Стефковски во Гази Баба;
Борчо Коцев во Зрновци;
Александр Георгиевски во Илинден;
Димитар Костадиновски во Јегуновце;
Митко Јанчев во Кавадарци;
Виктор Паунов во Карбинци;
Драганчо Саботковски во Могила;
Горан Стојанов во Неготино;
Стевче Стевановски во Новаци;
Борче Митевски во Петровец;
Борче Јовчески во Прилеп;
Стефче Трпковски во Сопиште;
Дејан Владев во Свети Николе;
Дарко Костовски во Бутел;
Иван Јорданов во Штип;
Орце Ѓорѓиевски во Кисела Вода;
Од СДСМ се:
Анго Ангов во Дојран;
Звонко Пекевски во Берово;
Блаже Шапов во Богданци;
Перо Костадинов во Валандово;
Горан Трајковски во Делчево;
Сашко Митовски во Крива Паланка;
Николче Мискоски во Кривогаштани;
Томе Христоски во Крушево;
Костадин Костадинов во Струмица.
Кандидатите за градоначалници од ДУИ победија во три општини во првиот круг:
Еркан Арифи во Липково;
Алија Јаоски во Пласница;
Блерим Беџети во Сарај.
Во Центар Жупа и Маврово-Ростуше ќе се повтори изборната постапка поради неисполнување на законскиот услов од една третина од запишаните гласачи кои излегле на гласање.
„Во двете општини Центар Жупа и Маврово и Ростуше заради неисполнување на законскиот услов од една третина од запишаните гласачи да излегле на гласање ќе се повтори целата изборна постапка член 132 став 2 од Изборниот законик“,
рече Даштевски.
Досега до ДИК не се пристигнати приговори.
„Досега нема приговори, но очекуваме во текот на вечерта или утрешниот ден да пристигнат, па дополнително ќе информираме колку приговори се пристигнати и на што се однесуваат“,
рече Даштевски.
*Поврзани вести:
Кој победи во прв, а кои кандидати ќе се соочат во втор круг