Со оваа одлука, вкупниот број акредитирани набљудувачи за недела ќе изнесува 1 462. Од нив, 808 се домашни и 664 меѓународни набљудувачи, а акредитирани се и 12 странски новинари

Државната изборна комисија (ДИК) денеска усвои три приговори од гласачи – два од Валандово и еден од Карбинци. Иако рокот за приговори заврши на 14 октомври, од ДИК одлучиле да ги разгледаат овие приговори и да ги сметаат за навремени, со цел да не се нарушат правата на граѓаните.
Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, појасни дека решенијата на гласачите им се дадени од страна на општинските изборни комисии (ОИК) на 14 октомври.
„Проблемот настана што ОИК одлучувала за нивно одбивање на 11 октомври и дури три дена подоцна ги изготвила и им ги врачила решенијата на гласачите. Затоа одлучивме приговорот да го сметаме за навремен за да не се наруши правото на граѓаните кое не е по нивна вина затоа што уредно го примиле решението и во законски рок поднеле приговор“,
рече Кондарко.
Денеска ДИК одобри уште осум барања за акредитации за набљудување на претстојните избори.
Со оваа одлука, вкупниот број акредитирани набљудувачи за недела ќе изнесува 1 462. Од нив, 808 се домашни и 664 меѓународни набљудувачи, а акредитирани се и 12 странски новинари.