Прифатениот приговор е на лице од Струга. По проверката било утврдено дека го нема во избирачкиот список, а лицето ги исполнува условте за тоа. Па така, ова лице сепак утре ќе гласа на избирачко место во Општина Струга

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва на продолжението на 147. седница отфрли четири приговори поднесени од граѓани за заштита на лично избирачко правo, а прифати еден.
Четирите приговори се отврлени бидејќи по проверката било утврдено дека лицата се запишани во избирачкиот список.
Прифатениот приговор е на лице од Струга. По проверката било утврдено дека го нема во избирачкиот список, а лицето ги исполнува условте за тоа. Па така, ова лице сепак утре ќе гласа на избирачко место во Општина Струга.
Претседателот на ДИК, Борис Кондарко рече дека лицата на кои ќе им биде прифатен приговор со себе задолжително да го носат решението за да им биде овозможено да гласаат.
Членот на ДИК, Ангелчо Ристов апелираше до граѓаните кои сакаат да гласаат утре, да проверат дали ги има во избирачкиот список што е јавно достапен на страната на ДИК и во Општинската изборна комисија.
Членовите на ДИК на седницата едногласно одобрија уште едно барање за издавање акредитација за набљудување на изборите за еден меѓународен набљудувач од организацијата „Београдски форум за свет рамноправних“.
Од ДИК потсетија дека сите акредитирани набљудувачи се должни да ги носат своите беџови за лична идентификација и при вршењето на своите функции како набљудувачи задолжително да го почитуваат Кодексот од правилата за набљудување на изборите и изборната постапка што го има донесено ДИК.
Членовите на ДИК ја изгласаа и одлуката за доделување авансни средства за вработените во ДИК кои се ангажирани за враќање на доверливиот материјал.