Според Државната изборна комисија, до 18:30 часот во општината Штип на гласање излегле 34,3% од запишаните избирачи, а за успешни избори се неопходни минимум 33,3% излезност
Предвремените локални избори во Штип се успешни. Како што информира Државната изборна комисија, излезноста на гласачи во општина Штип до 18:30 часот е 34,30 проценти или вкупно 14 328 граѓани го оствариле своето право на глас. Тоа е повеќе од минимум поттребните 33,33% одѕив за денешните избори за градоначалник да бидат успешни.
Втор услов за изборната трка да заврши уште денеска е еден од петтемина кандидати да освои мнозинство гласови од оние што денеска излегле на избирачките места. За фаворит се смета Сашко Николов, кандидат на СДСМ, актуелен пратеник во Собранието.
Пред и во локалното седиште на СДСМ на Штип се ссобираат членови и симпатизери и меѓусебно си честитаат, јавува репортерката на „360 степени“, Галена Николовска Розвановиќ.

Околу 20:00 часот најавена е прес-конференција во СДСМ – Штип на која, најверојатно, ќе се обрати кандидатот за градоначалник, Сашко Николов.
Во Пласница, пак, на половина час пред официјално да се затворат гласачките места излезноста изнесувала 39,54 проценти или гласале 1 959 граѓани. И таму изборите се успешни. За фаворит се смета канидатот на ДУИ, Алија Јахоски, од ДУИ.