Според портпаролката на ДИК, во најголем број од избирачките места гласањето е успешно започнато. Најголем дел од проблемите се со уредите за отпечаток со прст
Портпаролката на Државната изборна комисија, Љупка Гугучевска, изјави за Сител дека првичните информации кои ги имаат укажуваат дека гласањето се одвива нормално. Првите официјални информации ќе ги има до првата прес-конференција на ДИК во 9:30 часот.
„Има дел избирачки места каде што има мали технички проблеми, меѓутоа се надминуваат. Во најголем број од избирачките места гласањето е успешно започнато. Најголем дел од проблемите се со уредите за отпечаток со прст. Од она што го имаме до сега како информација, станува збор за неможност да се логираат претседателите на избирачките одбори во уредот, нечитливи лозинки…, меѓутоа веднаш се интервенира на лице место за да продолжи нормално гласањето“,
рече Гугучевска.