Избирачкото право во вториот круг од локалните избори го остваруваат 4 826 болни или немоќни лица, како и 1 256 лица во 14 казнено-поправни установи
Гласањето на болните, изнемоштените, затворениците и притворените лица се одвива непречено во сите општини каде што се избира градоначалник во втор круг, информира Државната изборна комисија (ДИК).

„Гласањeто започна во 7 часот утринава и истото се одвива непречeно во сите општини и Градот Скопје“,
информираат од ДИК.
Избирачкото право во вториот круг од локалните избори го остваруваат 4 826 болни или немоќни лица, како и 1 256 лица во 14 казнено-поправни установи и 214 лица сместени во 13 центри за вонсемејна грижа.
Во вториот изборен круг од локалните избори гласање за избор на градоначалник има во 32 општини и во Градот Скопје, а на три избирачки места во Општина Шуто Оризари ќе се повтори гласањето за советници поради утврдени нерегуларности на гласањето на 19 октомври.
