Претседателот на Држвната изборна комисија, Борис Кондарко, соопшти дека од денот на распишување на изборите, односно од денеска, ДИК ќе достави писмено барање до Министерството за внатрешни работи за ажурирање на Избирачкиот список, а за 48 часа МВР треба да достави податоци. Избирачкиот список ќе биде ставен на јавен увид од 23 август до 11 септември на полноќ
Државната изборна комисија (ДИК) попладнево ги усвои роковите за одржувањето на локалните избори, откако претходно денеска тие беа распишани од страна на претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Првиот круг за избор на градоначалници и советници на 80 општини и на Градот Скопје ќе се одржи на 19 октомври, а во општините во кои изборот на градоначалник нема да заврши во првиот круг ќе се оди на втор круг, кој треба да се одржи на 2 ноември.

Изборната кампања за првиот круг почнува на 29 септември и ќе трае непрекинато до 17 октомври. Кампањата за вториот изборен круг ќе трае до 31 октомври.
Претседателот на Држвната изборна комисија, Борис Кондарко, соопшти дека од денот на распишување на изборите, односно од денеска, ДИК ќе достави писмено барање до Министерството за внатрешни работи за ажурирање на Избирачкиот список, а за 48 часа МВР треба да достави податоци.
Избирачкиот список ќе биде ставен на јавен увид од 23 август до 11 септември на полноќ.
„Избирачкиот список ќе биде ставен на јавен увид во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК, кои ќе работат во две смени, каде што граѓаните ќе може да ги проверат своите податоци. Избирачкиот список ќе биде заклучен најдоцна 15 дена по завршување на јавниот увид односно 26 септември“,
информира Кондарко.
13 септември е крајниот рок до кога ќе може да се поднесат листите на кандидати на учесници на изборите до општинските изборни комисии. Жрепката за редните броеви на гласачко ливче ДИК ќе ја организира најдоцна до 25 септември, а најдоцна до 27 септември партиите ќе го потпишат Кодексот за фер и демократски избори.
Болните и немоќни лица до 10 октомври ќе може со известување преку полномошник да се пријават до Општинската изборна комисија за гласање во домашни услови, а 14 октомври е рокот до кога треба да се пријават лицата што се во куќен притвор. Немоќните лица и затворениците ќе гласаат на18 октомври.