Кондарко рече дека решенијата на ДИК ќе бидат изготвени во законски предвидениот рок, по што подносителите на приговори имаат право на второстепена правна заштита, односно тужба пред Управниот суд

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги одби сите 57 поднесени приговори во врска со првиот круг од локалните избори. Приговорите, од кои 37 се однесуваа на сумирањето на резултатите и 20 на постапката за гласање, беа одбиени како неосновани односно дел се повелечени, а дел се отфрлени како недозволени.
Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, на 149. седница на Комисијата, истакна дека ДИК постапила во законскиот рок.
„Сите приговори денеска се одбиени како неосновани, односно дел се повелечени, а дел се отфрлени како недозволени. Вкупно 57 приговори, во некои од нив беа опфатени повеќе избирачки места“, .
изјави Кондарко
Тој рече дека решенијата на ДИК ќе бидат изготвени во законски предвидениот рок, по што подносителите на приговори имаат право на второстепена правна заштита, односно тужба пред Управниот суд.
Откако ќе одлучи Судот, ДИК ќе излезе со објавување на конечни резултати за избор на градоначалници во оние општини за кои беа пристигнати приговори:
Општини со приговори Кондарко рече дека се Арачиново, Богданци, Босилово, Бутел, Велес, Гази Баба, Кривогаштани, Прилеп, Ресен, Чаир и Чашка.
Кондарко информираше дека за 33 општини не биле поднесени приговори за избор на градоначалници, и за нив ДИК денеска објавува конечни резултати за завршено гласање во прв круг.
Општини со конечни резултати за градоначалници што ги објави Кондарко се Берово, Битола, Василево, Вевчани, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Делчево, Демир Хисар, Желино, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Кратово, Крива Паланка, Липково, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Пласаница, Радовиш, Сарај, Свети Николе, Сопиште, Старо Нагоричане, Струмица, Теараце и Штип.
Во однос на изборот на советници, ДИК соопшти дека во 64 општини нема поднесено приговори за гласањето, со што резултатите за избор на советници во првиот круг се конечни.
Претседателот на ДИК рече дека 17 приговори биле поднесени за избор на советници во општините Шуто Оризари, Босилово, Прилеп, Гази Баба, Чашка, Аеродром, Долнени, Ресен, Бутел, Гостивар, Кривогоштани, Богданци, Чаир, Велес, Виница, Карпош и Кичево.