Во телевизиско обраќање до нацијата, британскиот премиер Борис Џонсон ја објави одлуката со која, поради ковид кризата, Англија до средината на февруари ќе биде во карантин.
Според мерките, се препорачува работа од дома, освен за оние што работат во сектори во кои тоа е невозможно.
Граѓаните ќе може да излегуваат од своите домови единствено да пазаруваат прехранбени продукти или лекарства, поради медицински причини или за обезбедување нега на немоќни лица.
Сите училишта ќе бидат затворени најмалку до средината на март, а ќе останат отворени само за децата на работниците во клучните сектори за справување со ковид кризата и за оние од ранливите семејства.
Студентите не се враќаат во кампусите и наставата ќе се одвива онлајн.
Полицијата добива законски овластувања за спроведување на драконските мерки.
Причината за вака ригорозниот режим се последните бројки на заразени.
„Само во последните 24 часа имаме 58 784 нови инфекции. Веќе седум дена по ред имаме 50 000 инфекции. Постои реален ризик здравствениот систем во многу делови на земјата да биде преоптоварен во следните три недели, доколку не бидат воведени нови мерки против епидемијата“,
изјави во вечерашното обраќањедо нацијата британскиот премиер Борис Џонсон.