Компанијата со седиште во Њу Џерси престана со продажба на својата позната бебешка пудра во САД и Канада, додека сè уште е на пазарот на други места во светот
Врховниот суд на САД донесе одлука, компанијата „Џонсон и Џонсон“ да исплати вкупно 2 милијарди долари оштета на жените кои тврдат дека заболеле од карцином на јајници поради употреба на бебешкта пудра од оваа компанија.
Судиите денеска не коментираа зошто е одбиена жалбата поднесена од компанијата „„Џонсон и Џонсон“.
Компанијата тврди дека немала фер третман во едно испитување на 22 жени заболени од рак од 12 различни земји.
Поротата од Мисури првично одреди оштета од 4,7 милијарди долари за жените кои тужеа, но Апелацискиот суд ги отфрли тужбите на двете жени и го намали обештетувањето на две милијарди долари.
Бебешката пудра произведена од „Џонсон и Џонсон“ содржи азбест, а азбестот може да предизвика рак на јајниците, утврди поротата, додека компанијата ги оспори обете точки од обвинението.
„Џонсон и Џонсон“, со седиште во Њу Џерси престана со продажба на својата позната бебешка пудра во САД и Канада, додека сè уште е на пазарот на други места во светот.