Разговорите доаѓаат во време кога постојат закани да пропадне привременото примирје објавено оваа недела. Иран инсистира дека примирјето да вклучува крај на војната на Израел во Либан, додека Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху тврдат дека Либан не е дел од договорот
Белата куќа не го прецизираше форматот на разговорите, дали тие ќе бидат директни или индиректни, но доаѓањето на Венс означува редок момент на ангажман на високо ниво на САД со иранската влад
Потпретседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џеј-Ди Венс денеска патува за главниот град на Пакистан, Исламабад за да ги води разговорите за посредништво со Иран откако американскиот претседател Доналд Трамп му ја довери задачата за решение за конфликтот.

На Венс, познат по својот скептицизам во врска со странските воени интервенции, ќе му се придружат и специјалниот претставник на Трамп, Стив Виткоф, и неговиот зет Џаред Кушнер, кои веќе учествуваа во три рунди индиректни разговори со иранските преговарачи, насочени кон решавање на загриженоста на САД во врска со нуклеарните и балистичките програми на Иран пред да започнат нападите на 28 февруари.
Разговорите доаѓаат во време кога постојат закани да пропадне привременото примирје објавено оваа недела. Иран инсистира дека примирјето да вклучува крај на војната на Израел во Либан, додека Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху тврдат дека Либан не е дел од договорот.
САД бараат Иран повторно да го отвори Ормускиот теснец, клучен поморски пат за светските енергетски текови, кој Техеран го затвори како одговор на израелските напади врз Хезболах.
Трамп вчера рече дека Иран работи многу лошо во насока на дозвола на танкерите за нафта да поминат низ него и на социјалните мрежи напиша дека тоа не е договорот што го имале.
Белата куќа не го прецизираше форматот на разговорите, дали тие ќе бидат директни или индиректни, но доаѓањето на Венс означува редок момент на ангажман на високо ниво на САД со иранската влада.
Последниот таков контакт имаше во 2013 година, кога Барак Обама имаше телефонски разговор со тогашниот претседател на Иран, Хасан Рохани.
Портпаролката на Белата куќа, Ана Кели, рече дека Трамп верува дека може да се постигне траен договор за време на двонеделното примирје.
