Голманот на репрезентацијата на Италија, Џанлуиџи Донарума, е најдобриот играч на европското фудбалско првенство, одлучи УЕФА. Младиот чувар на мрежата кој има само 22 години но и 33 настапи за својата земја, одигра клучна улога во синоќешната победа на Италија во финалето со Англија каде меѓудругото одбрани два удари од белата точка при изведувањето на пенал серијата.
За време на ЕУРО 2020, Донарума не одигра само еден натпревар, дуелот меѓу Италија и Велс. Италијанскиот селектор тогаш одлучи да му даде шанса на вториот голман, Салваторе Сиригу. Сепак, Донарума одигра вкупни 719 минути на целото првенство, што е најмногу од сите играчи кои настапија на ЕУРО 2020. Италија воопшто не прими гол во групната фаза на првенството, а нивната мрежа беше затресена за прв пат во 1/16 финалниот дуел со Австрија.
Во полуфиналето, Италија ја победи Шпанија исто како и Англија, по изведувањето на пеналите. И тогаш, Донарума беше клучниот играч со барем една клучна одбрана во пенал серијата.

Наградата за најдобар играч на турнирот се доделува за повеќе квалитети на еден играч – покажаните индивидуални способности, тимската игра но и покажан позитивен однос и почит. Претходни добитници на наградата се:
- 1996 Матијас Замер (Германија)
- 2000 Зинедин Зидан (Франција)
- 2004 Теодорос Загораикс (Грција)
- 2008 Чави Хернандес (Шпанија)
- 2012 Андрес Иниеста (Шпанија)
- 2016 Антоан Гризман (Франција)