Ако имате покането гости во вашиот дом, задолжително потоа проветрете ги просториите и дезинфицирајте ги контактните површини, советува раководителот на француската Јавна здравствена служба, Жером Соломон.
На прес-конференција, прва по олеснувањето на мерките на 11 мај, тој ги предупреди Французите да ја почитуваат физичката дистанца кога се дружат со пријателите, но и да носат заштитни маски.
„Вирусот е сѐ уште тука и е смртоносен“,
нагласи тој.
На деветтиот ден по укинувањето на карантинот, кој траеше 55 дена, бројот на заразени со коронавирус во Франција дневно не се зголеми значително.
Во вторникот, коронавирус беше потврден кај 524 лица, со што вкупниот број достигна 143 427 лица или зголемување од 0,4 проценти, што е нешто повеќе од просекот од 0,3 проценти на ден од укинувањето на карантинот. Сепак, тоа е значително помалку од 0,8 проценти дневно зголемување во последните две недели на карантинот.