Според полициското соопштение, повредената ученичка е пренесена во болницата во Зрењанин. За какви повреди станува збор сè уште не е соопштено, а истрагата на полицијата е во тек

Ученичка од Основното училиште „2 Октомври“ во Зрењанин денеска е повредена во напад со нож од друг ученик од тоа училиште, пренесуваат српските медиуми.
Според порталите, девојче родено 2009 година денеска со остар предмет, најверојатно нож, повредило друг ученик од тоа училиште, роден 2010 година.
Според полициското соопштение, повредената ученичка е пренесена во болницата во Зрењанин.
За какви повреди станува збор сè уште не е соопштено, а истрагата на полицијата е во тек.
Како што пренесуваат дел од српските медиуми, девојката била полесно повредена и по укажаната помош е пуштена на домашно лекување.
Градоначалникот на Зрењанин, веднаш по добиената информација за инцидентот, со своите колеги и претставници од Центарот за социјална работа го посетиле училиштето.