Најмалку девет лица загинаа денеска во напад извршен од воздух врз телевизиска кула во областа Ривне во северна Украина, изјави локалниот гувернер Виталиј Ковал
На деветнаесеттиот ден од руската инвазија на Украина, продолжуваат нападите и бомбардирањата на украинските градови.
Украинските медиуми јавуваат дека е погодена деветкатница во Киев.

Претходно беше соопштено дека во нападот во центарот на Киев загинале две лица, но АП подоцна ја пренесе ијавата на локалните власти кои наведуваат дека еден е убиен, а шестмина се повредени.

Украинската државна електроенергетска компанија соопшти дека руските сили повторно го оштетиле далноводот што го снабдува Чернобил со електрична енергија.
Медиумите објавуваат извештаи од двете страни дека ракета паднала во центарот на Доњецк, при што загинале 20 лица.
15-годишно момче загинало кога училиште во Чухујево, во близина на североисточниот град Харков, било погодено, според украинските власти, од руска артилерија, јави Би-би-си.
Во гранатирањето се оштетени и неколку приватни куќи, соопшти регионалното обвинителство во Харков во објава на Фејсбук.
Најмалку девет лица загинаа денеска во напад извршен од воздух врз телевизиска кула во областа Ривне во северна Украина, изјави локалниот гувернер Виталиј Ковал.
Како што наведе, во нападот се повредени уште девет лица.
„Се уште има луѓе под урнатините“,
додаде тој.
As a result of a #Russian air strike on a TV tower in the #Rivne region, 9 people were killed and 9 more were injured. pic.twitter.com/ELMRkrZ8Q6
— NEXTA (@nexta_tv) March 14, 2022
Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно го повика НАТО да воспостави зона на забранети летови над неговата земја, предупредувајќи дека во спротивно „руски ракети би можеле да паднат врз земјите-членки“.
Во меѓувреме, четвртата рунда преговори меѓу Русија и Украина се одржа денеска и ќе продолжи утре.