Според информациите кои вчера ги објави Итната медицинска помош на Кочани, ниту еден од пациентите кои побарале помош поради вдишување на чад не е во животна опасност
Вкупно девет лица, меѓу кои тројца пожарникари, побарале медицинска помош по вдишување на чад при гаснењето на пожарот што вчера избувна во куќа во центарот на Кочани.

Пожарот избувна околу 13:30 часот во куќа на улицата „Браќа Ставреви“, во сопственост на Л.С. (62) од Кочани.
„На местото излегле полициски службеници од ОВР Кочани и екипи од ТППЕ Кочани. Пожарот бил изгаснат, а поради вдишување чад при гасењето во медицински установи за укажување на помош биле пренесени И.С., сопруг на сопственичката, А.С., К.С., В.Ш., О.С. и А.Д., кои помагале при гасење на пожарот, како и тројца пожарникари“,
информираат од МВР.
Според информациите кои вчера ги објави Итната медицинска помош на Кочани, ниту еден од пациентите кои побарале помош поради вдишување на чад не е во животна опасност.