Наградите за најдобри стории поврзани со известувањето за ранливите и маргинализираните групи за време на пандемијата на ковид-19, СЕММ и ОБСЕ ги доделуваат за да ги поттикнат новинарите во промовирање на концептот на еднаквост и интеграција на ранливите и маргинализираните групи граѓани преку професионална и етичка обработка на темите од јавен интерес
Новинарката на „360 степени“, Ирена Каревска, освои прво место на конкурсот за најдобри новинарски стории за инклузивно известување во време на ковид-19, организиран од Советот за етика во медиумите (СЕММ), во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Наградата ѝ е доделена за сторијата „Децата за кои не почна новата учебна година“ објавена во емисијата „360 степени“, во која се третираат предизвиците со онлајн-наставата за време на ковид-19, со посебен фокус на ранливите категории граѓани.
„Сторијата опфаќа мошне релевантна и содржајна тема поврзана со онлајн образованието за граѓаните под социјален ризик. Во нејзиниот фокус се системските аномалии коишто ги разоткри кризата, како и алармирањето на државата да ги преземе неопходните мерки во оваа сфера. Сторијата се одликува со силен новинарски и тимски ангажман, висок квалитет и урамнотеженост“,
посочуваат од СЕММ.
Наградите за најдобри стории поврзани со известувањето за ранливите и маргинализираните групи за време на пандемијата на ковид-19, СЕММ и ОБСЕ ги доделуваат за да ги поттикнат новинарите во промовирање на концептот на еднаквост и интеграција на ранливите и маргинализираните групи граѓани преку професионална и етичка обработка на темите од јавен интерес.
