ОН проценуваат дека повеќе од половина од децата ја напуштиле земјата за време на војната. Најголем дел од нив се во Полска каде тамошните власти ги интегрираа за образовниот систем и ги вклучија на настава
Учениците во главниот град Украина Киев денеска ќе продолжат со наставата – но со далечинско учење преку Интернет.
Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко вчера го најави повторното отворање на училиштата, велејќи дека наставата ќе бид „прилагодена на сегашните услови…со користење на различни образовни платформи“.
„Денес важна задача е градот да живее и работи дури и во такви тешки услови на воена состојба“,
објави Кличко на Телеграм.
„Тие се обидуваат да не заплашат. Тоа нема да им успее!“,
напиша тој.
ОН проценуваат дека повеќе од половина од децата ја напуштиле земјата за време на војната. Најголем дел од нив се во Полска каде тамошните власти ги интегрираа за образовниот систем и ги вклучија на настава.