Според податоците на УЈП за поднесените годишни даночни пријави, највисоката годишна бруто-плата во 2020 година изнесува 105,2 милиони денари или 1,7 милион евра, односно 142 илјади евра месечно. Ја добивал стружанец кој работел во индустријата за метали
Најмладиот милионер во земјава има осум години и лани остварил доход од закуп во износ од 1 016 947 денари.
Најстариот, пак, е на возраст од 96 години и лани остварил со доход од 4 570 535 денари, исто така од закупнина.
Според податоците на УЈП за поднесените годишни даночни пријави, највисоката годишна бруто-плата во 2020 година изнесува 105,2 милиони денари или 1,7 милион евра, односно 142 илјади евра месечно. Ја добивал стружанец кој работел во индустријата за метали.
Највисок доход од продажба на земјоделски производи во износ од 32,2 милиони денари има ресенчанец, а највисок бруто-доход од закуп од близу 50 милиони денари скопјанец.
Највисокиот, пак, доход од вршење самостојна дејност е 73,5 милиони денари и го остварил скопјанец.