Противпожарната бригада на Град Скопје со седум возила и 21 пожарникар интервенирала во текот на ноќта за да го локализира пожарот во кој изгоре познатото кафуле „Фонтана“ во трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје. Во пожарот никој не е повреден.

Инаку, дојавата за пожар во „Фонтана“ била примена околу 1 часот и 50 минути по полноќ. Засега нема информации за можните причини. Увидот е во тек.
Снимките на ТВ Алсат се направени за време на пожарот.