Десет лица се повредени во пожарот што попладнево избувна во хотелот „Буши“ во Скопје. Тие со возила на итната медицинска помош се однесени во градската општа болница „8 Септември“ и на Клиниката за токсикологија, изјави за МИА раководителката на итната медицинска помош (ИМП), Милица Бубало. Таа посочува дека двајца од нив се здобиле со потешки повреди.
Бубало додава дека на лице место екипите на ИМП интервенирале и за други полесно повредени лица кои се пожалиле на тешкотии со дишењето.
Со пожарот биле зафатени дел од рецепцијата и кујната на хотелот, информираа од противпожарната бригада Скопје. Тие потврдија дека пожарот е локализиран.