Најмалку 38 луѓе загинале при уривање на рудник за злато во близина на градот Ал-Нухуд во Судан.

„Бројот на загинати се зголеми откако беа пронајдени уште тела за време на спасувачката операција“,
изјави Исмаел Тису, портпарол на суданската компанија за минерални ресурси.
Според него, се уште не се знае точната бројка на затрупани луѓе.
Извозот на злато е важен сегмент во економијата на Судан, земја каде вакви несреќи често се случуваат поради ниските безбедносни стандарди.