На учесниците на протестот кои околу два часа го блокираа плоштадот „Славија“ во Белград им се придружија голем број земјоделци, актери и просветни работници
Дел од демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Генерален штрајк на студентите и работниците во солидарност“, „Матурантите се со студентите“, „Секоја акција предизвикува реакција“
Големи студентски протести на кој се придружија и работници, земјоделци, актери и бројни граѓани денеска попладне се одржаа во центарот на Белград и во Ниш.
Десетици илјади луѓе го исполнија просторот околу плоштадот Славија во Белград и околностите улици, извикувајќи „Вучиќ, оди си“ и „Рацете ви се крвави“.
Протестот во Белград кој започна околу 16 часот и траеше околу два часа е дел од серијата протести на дел студентите кои веќе неколку недели ги блокираат факултети на Белградскиот универзитет, барајќи одговорност за трагедијата во Нови Сад, во која на 1 ноември при пад на настрешницата на Железничката станица во градот загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредни.
Некои демонстранти носеа транспаренти на кои пишува „Генерален штрајк на студентите и работниците во солидарност“, „Матурантите се со студентите“, „Секоја акција предизвикува реакција“.
И денешниот, како и сите претходни, почна со петнаесетминутен молк за жртвите во Нови Сад, а дел од насобраните ги вкличија светилките на своите мобилни телефони.
U 16 časova na Trgu Slavija okupili su se studenti, poljoprivrednici i građani na protestu, čiji je cilj, kako su najavili da skrenu pažnju na svoje zahteve.
— TV N1 Beograd (@n1srbija) December 22, 2024
Na snimcima iz drona se vidi da su građani upalili bliceve na svojim telefonima, a u daljini se mogao videti i vatromet.… pic.twitter.com/qUk781txu4
По молкот, следуваше триесетминутна врева во центарот на главниот град Србија, од свирежи, извици и вувузели.
Едно од барањата на организаторите на протестот е напаѓачите на демонстрантите на протестите кои уследија по трагедијата во Нови Сад низ Србија да бидат идентификувани и кривично гонети.
Тие бараат и ослободување на уапсените активисти на протестите и запирање на кривичната постапка против нив.
На учесниците на протестот го го блокираа плоштадот Славија им се придружија голем број земјоделци, актери и просветни работници.
Земјоделците, кои изминативе денови ги блокираа патишта низ земјата, меѓу другото, бараат разрешување на премиерот Милош Вучевиќ, ресорниот министер и претседателот на собраниската Комисија за земјоделство.
На протестот се приклучи и иницијативата „Мостот останува“, која се противи на отстранувањето на Стариот савски мост во Белград.
Под притисок на јавноста, српскиот претседател Александар Вучиќ на 11 декември најави дека на веб-страницата на Владата ќе бидат објавени 195 документи во врска со случајот со настрешницата на Железнилката станица во Нови Сад.
Додека надлежните тврдат дека ги исполниле сите нивни барања, студентските претставници велат дека објавената документација не е целосна и не одговара на прашањето кој е одговорен и што се случило.
Градежниот факултет во Белград на 19 декември објави дека направил прелиминарна анализа на расположливата документација за зградата на железничката станица во Нови Сад, објавена на веб-страницата на Владата на Србија и дека заклучокот е дека клучната документација е исчезната.
Меѓу документацијата што недостасува, како што соопштија од Градежниот факултет, се проектната документација во која е вклучено идејното решение – сите архитектонски и градежни волумени поврзани со зградата на станицата „Нови Сад“, проектот за одобрението за градба, проектот за извршување и проектот на изградениот објект или Прилог 7 – Изјава на инвеститор, изведувач и стручен надзор дека работите се извршени од сите аспекти според Проектот за градба, пишува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ).
Исто така, како што се наведува, недостасуваат сите договори и анекси на договори со кооперанти, како и градежна документација.
Бетонската настрешница на зградата на станицата во Нови Сад се урна само неколку месеци по свеченото отворање на станицата, на кое и претходеше тригодишна реконструкција и тврдења на официјалните лица дека тоа е направено според највисоките европски стандарди.
Поради сомневања за пропусти во реконструкцијата уапсени 13 лица, меѓу кои и поранешниот министер за градежништво, транспрот и инфраструктура, Горан Весиќ, кому му беше одреден па укинат притворот.