Надлежните велат дека им е познат идентитетот на напаѓачот, но дека се уште не го објавиле официјално. Полицијата врши увид на местото на настанот, а се прави и анализа на видот на оружјето што е употребено во нападот
Десет лица беа убиени, а најмалку 27 се повредени во пукање во средно училиште во градот Тамблер Риџ во Британска Колумбија, Канада, пренесува Би-би-си.
Пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време.

Полицијата нашла шест починати лица во училиштето, додека седмото починало на пат кон болница.
Две лица, без знаци на живот, се пронајдени во куќа во близина на училиштето.
Полицијата, како што пренесува Би-би-си, претпоставува дека овие две лица се поврзани со инцидентот во училиштето.
И напаѓачот е пронајден мртов, а полицијата смета дека извршил самоубиство.
Началникот на полицијата Кен Флојд изјави дека 25 лица претрпеле полесни, а две лица се здобиле со сериозни повреди.
Во безбедносното предупредување испратено за време на нападот, осомничениот е идентификуван како женско лице во фустан и со кафеава коса.
Надлежните велат дека им е познат идентитетот на напаѓачот, но дека се уште не го објавиле официјално.
Полицијата врши увид на местото на настанот, а се прави и анализа на видот на оружјето што е употребено во нападот.
Канадскиот премиер Дејвид Аби на прес-конференција изјави дека полицијата пристигнала на местото на пукањето две минути по повикот, со што се спречило трагедијата да стане уште поголема.
„Ова е ужасна и незамислива трагедија. Не можеме да замислиме низ што минува сега нашата заедница“,
рече тој.
All of BC is wrapping the families of Tumbler Ridge with love.
— David Eby (@Dave_Eby) February 11, 2026
Supports are available:
BC Mental Health Support Line: 310-6789
Kids Help Phone: Text “CONNECT” to 686868
Thank you to the emergency responders on the ground for the work they are doing. pic.twitter.com/BqbkDnH9JT
Во училишниот комплекс се наоѓаат основно и средно училиште, од каде се евакуирани околу 1 000 ученици и наставници.
Во градот Тамблер Риџ има околу 2 400 жители. Оддалечен е околу 1 200 километри од Ванкувер и е близу до границата со Алберта.
Познат е по рудници за јаглен, водопади и остатоци од диносауруси.
