Најмалку 10 деца се полесно повредени во српскиот град Шабац при судир на автомобил и автобус кој превезувал деца од Футог на екскурзија.
Десет деца со полесни повреди побарале лекарска помош, додека со потешки повреди е водичот на екскурзијата, изјавила за српските медиуми Татјана Цвејиќ, портпаролка на Општата болница „Д-р Лаза К. Лазаревиќ“ во Шабац.
„Децата тргнале на екскурзија во Тршиќ. Тие се расположени, и меѓу нив нема потешко повредени. Чекаат да им бидат направени потребните прегледи. Водичот е испратен на дополнителна дијагностика“,
велат за медиумите извори од болницата.
Неофицијално, приведен е возачот на автомобилот кој непрописно преминувал сообраќајна лента кога на него налетал автобусот во кој биле децата.