Пекинг побара патниците од десетици земји да поминат две недели во карантин под надзор на работодавачот пред да пристигнат во Кина. Кога ќе пристигнат, пак, патниците мора да бидат во карантин уште најмалку две недели, а понекогаш и подолго и под надзор на владата, дури и кога се целосно вакцинирани
Една година откако успеаја да го сузбијат коронавирусот и да го намалат бројот на дневни случаи на двоцифрен, Кина повторно се соочува со тешка ситуација – илјадници луѓе се во карантин, милиони се тестирани за само неколку дена и голем број нови случаи сугерираат повторно враќање на пандемија.
Најновите случаи на инфекција се откриени во градот Гуангжу, главниот град на провинцијата Гуангдонг. Властите сметаат дека ова се должи на варијантата Делта, мутацјата која однесе многу животи во Индија, пренесува Њујорк Тајмс.
Од неделата до вторникот, градот го тестираше скоро целото население од 18,7 милиони луѓе. Повеќе од 180 000 жители се во карантин, односно никој не смее да излегува освен кога оди на тестирање.

Инфекцијата се чини дека се проширила во рестораните. Според анализите, едно лице успеало да зарази многу повеќе луѓе отколку што тоа било случај со основната варијанта на коронавирусот, што сугерира дека индиската мутација е позаразна. Ова го потврдил, заменик директор на Центарот за болести во Гуангжу.
„Епидемијата со која се соочува Гуангжу е невиден противник и бара поодлучни мерки за да се бориме против тоа“,
велат од оваа институција.
Тестирањето се врши дење и ноќе. Жителите стануваат рано за да ги избегнат гужвите кога одат на тестирање, но сепак чекаат долго додека дојдат на ред.
Овој пристап на масовно тестирање во Кина постои уште од првото појавување на коронавирусот. Пекинг беше град кој воведе строги ограничувања на стотици милиони луѓе.
Денес, во карантин се населби, а не цели градови или провинции. Кина, исто така, спроведува вакцинација како централен дел од својата стратегија во борбата против коронавирусот.
Ограничувања до февруари или до есен
Странските компании се загрижени дека ограничувањата за патувања за меѓународни патници може да ги уништат нивните планови. Пекинг побара патниците од десетици земји да поминат две недели во карантин под надзор на работодавачот пред да пристигнат во Кина. Кога ќе пристигнат, пак, патниците мора да бидат во карантин уште најмалку две недели, а понекогаш и подолго и под надзор на владата, дури и кога се целосно вакцинирани.

Но, тестовите можат да покажат и дека некој е лажно позитивен, што доведува до нови тестови и дополнителни денови во карантин.
Таков е случчајот со германски државјанин кој во Шангај дошол минатиот месец и бил испратен во болничка изолација затоа што бил имал позитивен тест. Тој посочи дека тоа било поради вакцината што ја примил 16 дена порано. Му земале крв двапати на ден, му правеле брисеви од грлото, носот, па дури и аналните брисеви. Германецот изјавил дека условите во болницата се очајни – нема крпи ниту тоалетна хартија, дека креветот е челична плоча со тенка подлога.
По последниот тест, кој бил негативен, му било дозволено да помине 11 дена во изолација под надзор на владата.
Многу компании очекуваат Кина да ги задржи строгите ограничувања за патувања до февруари, кога Пекинг ќе биде домаќин на Зимските олимписки игри, а можеби и до есента следната година, кога Кинеската комунистичка партија ќе одржи партиски конгрес.
Многу странци во Кина се соочуваат со избор: ако ги посетат своите сопружници и деца, можеби нема да можат повторно да влезат во земјата подоцна поради ограничувања на пандемијата.

Дома, кинеските лидери ги охрабруваат луѓето да се вакцинираат. Досега се дадени околу 800 милиони дози вакцини. Во споредба со нив, во САД дадени се 300 милиони. Јин Веидонг, претседател и извршен директор на „Синовак“, рече дека кинеските регулатори ја одобриле итната употреба на вакцини кај деца од тригодишна возраст.
Ако се дадат 800 милиони дози, тоа сепак значи дека мнозинството од 1,4 милијарди население не е целосно вакцинирано. Ширењето на вирусот предизвика прашања во врска со ефективноста на кинеските вакцини против нови варијанти на вирусот. Сејшелите и Монголија имале голем број заразени и покрај вакцинацијата.
Делта варијантата на вирусот, кој сега циркулира во Гуангжу, покажа дека постои можност за инфицирање на лица кои веќе биле вакцинирани. Студиите покажаа дека постои посебен проблем за луѓето кои примиле само една доза од вакцината, а потоа биле изложени на вирусот.
Јин во саботата рече дека третата доза на вакцина од неговата компанија ќе го удвои бројот на антителата за една недела. Но, кинеските производители на вакцини сè уште не препорачуваат трета доза.
До вторникот, провинцијата Гуангдонг имаше 157 заразени лица во болниците и пријави околу 10 нови случаи на ден.