Вториот уписен рок е на 30 јуни, а конечните ранг-листи, по двете пријавувања, средните училишта ќе ги објават на 2 јули
Денеска завршува првото пријавување од јунскиот рок за упис во средните училишта за учебната 2025-2026 година. Апликациите може да се поднесат до крајот на денот. Вториот уписен рок е на 30 јуни, а конечните ранг-листи, по двете пријавувања, средните училишта ќе ги објават на 2 јули.

Пријавувањето се врши електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде што учениците се најавуваат со сопствените кориснички сметки на schools.mk. Конкурсот со слободни места е објавени на следниот линк.
„Ги демантираме натписите во дел од медиумите, каде што е наведено дека системот отежнато функционира или целосно е блокиран. Не постојат никакви предизвици во работата на платформата, на која досега се поднесени 13 200 апликации, односно поголемиот дел од полуматурантите веќе се пријавени за продолжување на образованието. МОН им излегува во пресрет на сите кои имаат потреба од поддршка при аплицирањето“,
велат од Министерството за образование и наука.