Според најавите, собранискиот спикер Африм Гаши, денеска ќе ги распише осмите локални избори во земјава
Првиот круг од локалните избори треба да се одржи на 19 октомври, а вториот круг на 2 ноември – на нив ќе се избираат градоначалници и советници во 80 општини и во Градот Скопје.

Со распичувањето почнуваат да течат изборните рокови – изборните листи се поднесуваат најдоцна 35 дена пред денот на одржување на изборите, а Државната изборна комисија треба да ги утврди листите до 27 септември. Изборната кампања ќе трае 20 дена и треба да почне на 30 септември.
Вкупниот буџет за одржување на локалните избори е речиси 10 милиони евра.