Како што соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на брифинг со новинарите, тој веќе контактирал со надлежните од Србија. Веднаш штом српската влада ќе донесе ваква одлука на денешната седница закажана за 13 часот, увозот може да почне
Денеска во 13 часот српската Влада треба да ја донесе одлуката за симнување на забраната за извоз на пченица во земјава.
Како што соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на брифинг со новинарите, тој веќе контактирал со надлежните од Србија. Веднаш штом биде крената „рампата“, увозот може да почне.
„Српските комори велат дека станува збор за 100 илјади тони пченица наменети за нашите компании, а ние имавме пуштено барање за 50 илјади тони“,
рече Николовски.
Тој вчера објави на Фејсбук дека земјава ќе увезува пченица и од Бугарија.
Николовски денеска најави дека следната недела ќе замине во Турција каде е планирано да разговара за дополнителни количини минерални ѓубрива кои ќе бидат потребни, нагласи, не за сега, туку за есенската сеидба.
„Во вакви тешки околности, правиме се што можеме. Носиме интервентни мерки кои треба да го стимулираат, одржат и зголемат домашното производство. Обезбедуваме и дополнителна финансиска поддршка, а предвидено е и објавување огласи за распределба на земјоделско земјиште, зелена нафта, развојни субвенции за остварен принос. Повикувам сите да се вклучат – политички чинители и партии, претставници од науката, заедно да ги креираме меркте и политиките“,
рече Николовски.
