Стабилното и релативно топло време, според Управата за хидрометеоролошки работи, ќе се задржи до вторник, а веќе од среда, се очекува промена на временската состојба, кога ќе има услови за локални врнежи од дожд и опаѓање на дневната температура
По претежно облачното утро, денеска во земјава се очекува сончево време со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од северен ветер, кој ќе биде поизразен долж Повардарието, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринската температура се движи во интервал од два до 12 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне до 15 до 22 степение.
Во Скопје, според синоптичарите, времето денеска, исто така, ќе биде претежно сончево со умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Дневната температура во главниот град се очекува да се искачи до 21 Целзиусов степен.
Стабилното и релативно топло време, според Управата за хидрометеоролошки работи, ќе се задржи до вторник, а веќе од среда, се очекува промена на временската состојба, кога ќе има услови за локални врнежи од дожд и опаѓање на дневната температура.