Утре се очекува пороен дожд проследен со грмежи и силен ветер
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, најавува УХМР за денеска.
Се очекува да дува и слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринските температури се од минус 2 до 6 Целзиусови степени, а дневните ќе се движат од 14 до 24 степени.
За утре, пак, УХМР најавува променливо облачно, а на повеќе места и поројни врнежи од дожд.
Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со грмежи и силен ветер од над 70 километри на час.